Во гасење на пожарот во Пехчево утре ќе се интервенира со пет хеликоптери

Фото: Министерство за внатрешни работи

Утре рано наутро петте хеликоптери ќе дејствуваат врз големиот пожар во реонот на општина Пехчево се додека тоа го дозволува температурата на воздухот, најави директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов преку својот фејсбук-профил.

Тој претходно објави дека пет хеликоптери, од кои два македонски и три српски, попладнето се упатиле кон локацијата зафатена со пожарот, но поради исклучително високите температури, веднаш по пристигнувањето командантот на ескадрилата донел одлука за нивно повлекување.

Како што соопшти Ангелов, во државата се активни 10 пожари од кои неколку се исклучително сериозни, а другите се од средна категорија. Во некои гори сува трева, нискостеблести растенија, грмушки и се далеку од населени места поради што не се опасност за никого.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот