Во домовите за стари лица во Шпанија владее вистински пекол

САД Ковид-19 криза/ Фото: EPA-EFE/JUSTIN LANE

Шпанија очајнички се бори со речиси 120 илјади заразени од коронавирусот.

Во таа борба недостасуваат ресурси како што се медицинска опрема, апарати, лекови и сето она што е потребно за лекување на болните.

Болниците се соочуваат со дефицит, и сите ресурси се пренасочени кон медицинските центри каде од час во час доаѓаат новозаболени лица кои бараат медицинска помош.

Недостигот на лекари и медицинска опрема најмногу го чуствуваат возрасните  лица згрижени во старските домови.

Оваа популација е најпогодена и со најголема смртност од новиот коронавирус.

Домовите каде се згрижени лицата во поодминати години се соочуваат со недостиг на потребната нега.

Шпанските медиуми тврдат дека, болниците старите лица кои се во тешка здравствена состојба и за кои ќе се процени дека неможат да  преживеат, ги заспиваат и така, ослободуваат кревети за новозаразени.

-Кога пациентот е многу болен и кога му нема помош, докторите му даваат јаки дози на седативи и ги заспиваат, и потоа ослободуваат место на интензивна нега за некој помлад пациент, тврди за шпанските медиуми, 85 -годишна жена згрижена во еден старски дом во Близина на Барселона.

Локалните власти соопштија дека посочениот старски дом се наоѓа во изолација и дека две третини од вработените во домот се заболени од коронавирусот и се наоѓаат на лекување.

Шпанските медиуми повикувајки се на извори од старските домови наведуваат  дека најмалку 150 корисници на посочениот старски дом се заразени но дека болниците низ Шпанија не сакаат да ги примаат пациентите од старски домови на лекување

Претставници на синдикатот на вработените во  старските домови  реагираат дека , тие не поседуваат тестови за коронавирусот, па оттаму и не знаат за каква болест се работи кога лицата со лоша здравствена состојба и носат во болница .

Од синдикатите реагираат дека без тестови и медицинска опрема е многу тешко да се одвојат болните од здравите корисници во домовите, апелирајки за похуман третман на постарите лица кои бараат лекарска помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот