Во домот на поранешниот судански претседател пронајдена голема сума пари

Суданските безбедносни служби во домот на поранешниот претседател на Судан, Омар ал Башир, кој е под истрага за перење пари, пронашле големо количество банкноти во евра, американски долари и судански фунти, со вкупна вредност од над 130 милиони долари, јави Би-Би-Си.

Претставник на Обвинителството соопшти дека во домот на Башир, кој моментно се наоѓа во затвор во градот Кобар, биле пронајдени куфери со шест милиони евра, 351.000 долари и пет милијарди судански фунти (105 милиони долари).

Обвинителството информира дека ќе биде формирана посебна комисија што ќе ја надгледува истрагата за овој корупциски скандал.

Башир беше сменет со воен удар пред десет дена, по повеќемесечни масовни антивладини протести низ државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот