Во Домот на култура „Илинден” отворена изложба на слики во рамките на проектот „Уметничка меѓународна група со пријателите” – Слободен печат
ВестиКултура

Во Домот на култура „Илинден” отворена изложба на слики во рамките на проектот „Уметничка меѓународна група со пријателите”

Посетителите на изложбата што ќе биде отворена до средината на месец септември ќе имаат можност да уживаат во 40-на дела на авторите Светлана Еланцева, Светлана Соло Орлова, Олга Панкина, Габриеле Смоларз, Стефан Хаџи Николов, Новица Трајковски, Душан Коцев, Павлина Копана Маркова Боботанова, Тудор Сербанеску, Маргарита Григорова, Светлозар Недев, Алексеј Шеболдаев, Гајане Доброволскаја, Фјодор Сукхинин и Клеменс Беунгкун

Во галеријата на Домот на култура „Илинден” во присуство на повеќемина љубители на уметноста, отворена е меѓународна изложба на слики што се реализира во рамките на проектот „Уметничка меѓународна група со пријателите”, информира Општина Илинден.

За значењето на изложбата на која се застапени 15 уметници од Велика Британија, Русија, Бугарија, Кореја, Романија и нашата земја говореа руската сликарка Олга Панкина и академските сликари од нашата земја Стефан Хаџи Николов и Новица Трајковски. Изложбата ја отвори градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски.

Тој, како што посочуваат од општината, ја искористил можноста да им се заблагодари на авторите, истакнувајќи дека со самото присуство на нивните дела во Домот на култра „Илуинден” даваат значаен придонес за развојот на културата и посебно уметноста во Општина Илинден, уверен дека ова ќе ја поттикне љубовта кон уметноста на многу млади луѓе.

Посетителите на изложбата што ќе биде отворена до средината на месец септември ќе имаат можност да уживаат во 40-на дела на авторите Светлана Еланцева, Светлана Соло Орлова, Олга Панкина, Габриеле Смоларз, Стефан Хаџи Николов, Новица Трајковски, Душан Коцев, Павлина Копана Маркова Боботанова, Тудор Сербанеску, Маргарита Григорова, Светлозар Недев, Алексеј Шеболдаев, Гајане Доброволскаја, Фјодор Сукхинин и Клеменс Беунгкун, наведуваат од општината.

Како што изјави Новица Трајковски, проектот „Уметничка меѓународна група со пријателите” е насочен и кон најмладите, па по примерот на возрасните организирана е и детска „Уметничка меѓународна група со пријателите”, која во февруари идната година во Москва ќе одржи своевиден фестивал под мотото „Светот без војна”. Ова, всушност, соопштуваат од општината, ќе биде и темата на која ќе можат да создаваат и учениците од Општина Илинден, за кои е предвидена посебна изложба по тој повод во Домот на култура „Илинден”.

Според зборовите на Олга Панкина веќе е договорено најдобрите десет дела од оваа изложба да учествуваат на изложбата во Москва, што е голем мотив за учениците од Општина Илинден кои ја сакаат уметноста и сакаат да се занимаваат со неа да бидат претставени и во меѓународни рамки.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close