Во Дебар петнаесетти ден нема новозаразени од „Ковид-19″

Фото: Дирекција за заштита и спасување

Во Дебар и во последното деноноќие, или петнаесето по ред нема новодијагностицирани со „Ковид-19″, потврдуваат официјалните податоци.

Тоа значи значи дека вкупниот број на заразени останува 51, од нив две лица од општина Центар Жупа.

– Од вкупно заболените 46 се оздравени, за жал, четири лица се починати, од нив три од Дебар и едно од Центар Жупа. Се уште како заболено се води само уште едно лице кое се лекува во домашни услови. Првиот контролен тест кај него е негативен, а денеска се очекува да биде земен и вториот контролен тест. Во самоизолација се седум лица, изјави градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, кој раководи и со општинскиот оперативен штаб.

Информираше дека во последното деноноќие безбедносната состојба е стабилна, не се регистрирани непочитувања на одлуката за забрана за движење, не се евидентирани нарушувања на јавниот ред и мир, кражби и сообраќајни незгоди.

Дука искажа голема благодарност до сите поединци, компании и здруженија за хиуманитарната помош што ја донираат, која како што рече, се распределува без никаков проблем на семејства кои се нашле во потреба од помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот