Во болница во Загреб донесено двегодишно дете со тешки повреди на главата

Ковид клиника Србија
Фото: ЕПА/ЕФЕ

Девојчето беше оперирано и сега е на интензивна нега, поврзано со респиратор и е витално загрозено.

Невиден случај на брутална повреда на 2,5-годишно девојче одекна во Хрватска. Во средата детето било пренесена од болницата во Нова Градишка во болницата Клаиќ во Загреб. Имало контузии на мозокот, но и тешки повреди на целата глава.

Девојчето беше оперирано и сега е на интензивна нега, поврзано со респиратор и е витално загрозено.

– Детето сè уште е на механичка вентилација со постојано следење на виталните параметри. Приклучено е на механичка вентилација и е во кома. Следат дополнителни прегледи – изјави утрово директорот на болницата Горан Роиќ.

Две и пол годишното девојче било одземено од семејството многу брзо по раѓањето и пренесено во згрижувачко семејство, но во ноември минатата година била вратена во биолошко семејство кое живее во околината на Нова Градишка.

Детето во болницата во Нова Градишка го донела мајката, која на лекарите им рекла дека паднало и се повредило.

Семејството има уште три деца. Тие биле разделени од семејството откако девојчето завршило во болница под неразјаснети околности на повредата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот