Во 2028 ќе се оствари европскиот сон – Ковачевски ја формираше „Коалицијата за европска иднина“

Силна економија и европски стандарди за живот, Македонија во ЕУ до 2028 година, просперитетна држава во која ќе функционира демократијата, владеењето на правото, социјалната правда – престедателот на СДСМ Димитар Ковачевски со лидерите на коалициските партнери потпиша коалициски договор со се отвори патот за формирање предизборната „Коалиција за европска иднина“.

Коалицискиот договор го потпишаа СДСМ, НСДП, ЛДП, Партијата за движење на Турците, Партијата на пензионери, ДОМ, ВМРО НП, Демократски сојуз на Власите во Македонија, ПОЕН, Сојуз на Ромите во Македонија, Десница, Партија за демократски просперитет на Ромите, СДА, а кон коалицискиот договор се приклучи и Движењето Нова Република. „Коалицијата за европска иднина“.

„Коалицијата е целосно посветена на европскиот пат и има јасен план за европски животен стандард, просперитетна и развиена држава. Победничката проевропската коалиција ќе ја формира новата проевропска влада по завршувањето на претстојните избори, ќе биде предводник во реформските процеси и ќе се залага за завршување на преговорите со ЕУ до 2028 година и членство до 2030 година, наспроти нови 11 години изолација и заглавување кои ги нуди опозицијата“ – стои во соопштението на прес-службата на СДСМ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот