ВНИМАВАЈТЕ НА КАМЕРАТА: Корисници воочиле загрижувачки проблем со мобилната Фејсбук апликација

Корисниците на iPhone на социјалните мрежи предупредиле на грешка, која ја воочиле на мобилната верзија на Фејсбук.

Кај некои од овие корисници автоматски се вклучувала камерата, кога ќе пристапат на Фејсбук апликацијата.

Овој проблем станал вирален откако еден корисник прв го споделил своето искуство на Твитер, заедно со снимка со докази.

„Цело време додека апликацијата стои отворена, вклучена е и камерата. Пронајдов грешка во апликацијата која дозволува да ја гледате вклучена камера во позадина“, напишал овој корисник на Твитер.

Грешката се состои во тоа што при влегувањето на Фејсбук апликацијата и со отворање на фотографии или видеа, се вклучува камерата на мобилниот на корисникот.

Со тестирање на оваа грешка и на други iPhone уреди, било заклучено дека овој проблем се појавува само на одредени iOS уреди.

– Грешката која е забележана на апликацијата на Фејсбук се однесува само на оние кои ја имаат најновата верзија на iOS-a 13 – објаснува Мет Биндер, репртер на Mashable.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот