Внимание! Овој чај може да доведе до откажување на црниот дроб!

Екстракт од зелениот чај може да предизвика оштетување на црниот дроб, соопштија од Европската агенција за безбедност на храна (EFSA).

Покрај сите погодности на зелениот чај кој често се препишува кај разните диети, а исто така помага и при губење на килограмите, секојдневното земање на преголеми количини може да биде штетно за црниот дроб, па да доведе дури и до негово откажување.

Виновници за тоа се катехините, вид на полифеноли кои се есенцијални молекули за физиологија на билките, важни за функциите како раст и пигментација. Се претпоставува дека штетната доза е околу 800 мг дневно, но се уште нема службена потврда за безбедната доза на катехини.

Иако многу трговски ланци продаваат екстракти од зелен чај, во повеќето случаи се работи за доза помала од 800 мг катехини.

Предупредувањето од EFSA дојде откако канадските колеги барале посериозна проверка, а сето ова е покренато од случајот со тинејџер кој земал таблети од зелен чај.

Така момчето од Австралија заврши на трансплантација на црниот дроб, а во Англија една 16-годишна девојка заболела од хепатитис на црниот дроб откако користела таблети од зелен чај за слабеење.

Во заклучокот EFSA објави дека катехинот во мали количини е многу добар за здравјето, но претерувањето би можело да доведе до погубни последици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот