ВМРО-ДПМНЕ: Секоја „реформа“ на СДСМ веќе е задоцнета

Настава во време на пандемија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Избори се ближат, СДСМ се расфрла со проекти. СДСМ четири години не помисли на граѓаните ниту еднаш, освен за своите џебови. Евтиниот ПР веќе не поминува кај граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Секоја „реформа” на СДСМ веќе е задоцнета.

Очигледно е дека СДСМ и власта мислат само на партискиот рејтинг, па глумејќи нормалност го жртвуваат образовниот процес, но и здравјето на децата и граѓаните.

Минатата учебна година започна еден месец подоцна.

Огромен број ученици, особено оние од ранливите категории останаа без технолошки средства за далечинско учење.

ВМРО-ДПМНЕ подолг период предупредуваше дека се неопходни препораки и образование на родителите на децата со попреченост. Вниманието кое требаше ним да им се посвети не смееше да се прекине, затоа што тие всушност имаа најголема потреба од континуиран напредок.

Најголем дел од учениците со попреченост поради неодговорноста на Царовска и Заев останаа без стручна помош, само на грбот на родителите.

Граѓаните не забораваат на катастрофалните грешки на Царовска и Заев, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ: Обезбедуваме целосна инклузија на децата со попреченост, вработување на 500 образовни асистенти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот