СДСМ: Обезбедуваме целосна инклузија на децата со попреченост, вработување на 500 образовни асистенти

Македонија училиште ученици наставник професор
Настава во време на пандемија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Обезбедуваме целосна инклузија на децата со попреченост во редовна настава, градиме фер и правично општество со високо развиена свест за почитување и прифаќање на различностите, велат од СДСМ.

– Завршија јавните огласи за вработување на 500 образовни асистенти кои од стартот на новата учебна година ќе бидат поддршка на децата по попреченост вклучени во редовната настава.

За оваа цел се издвоени 59 милиони денари, со што за првпат системски ги решаваме вработувањата на образовните асистенти.

Образовните асистенти ќе имаат 24 000 денари месечна плата и ќе бидат вработени во петте основни училишта со ресурсен центар „Златан Сремец“ и „Иднина“ од Скопје, Завод за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ од Битола, „Климент Охридски“ од Ново Село и ОУРЦ „Марија Ѓоргиева Овчарова“ од Велес.

Учебниците ќе бидат адаптирани за потребите на учениците со попреченост согласно новата Концепција за основно образование, за прво и четврто одделение, а развиен е и аудио читач кој ќе може да ги чита наставните материјали на македонски и на албански јазик.

Обезбедуваме иклузивно образование достапно за секое дете, сите лица со попреченост да имаат еднакви шанси за развој и придонес во општеството.

Како одговорна партија продолжуваме да инвестираме во иднината и да го менуваме образованието кон подобро, стои во нивното соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ: Секоја „реформа“ на СДСМ веќе е задоцнета

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот