ВМРО-ДПМНЕ најави голем протест на 18 јуни

Фото: Архива на „Слободен печат“

На вечерашниот состанок на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, донесена е одлука партијата да организира голем протест на 18 јуни.

Оваа информација вечерва пред партиското седиште ја соопшти Тимчо Муцунски.

На состанокот било решено и да се продолжи со блокадата на работата на Собранието.

„Најавувам голем протест на 18 јуни,Молкот не е опција. Ова е протест за промени и подобар живот. Протестот е изнуден и повеќе од неопходен.Граѓаните се оние кои ја даваат и одземаат легититет. Македонија нема поле каде не доживува пораз. Блокадата продолжува, испраќаме порака за обединување“, рече Муцунски.

Според него, решението за политичката криза се предвремени избори, кои според него можат да се одржат за помалку од два месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот