ВМРО-ДПМНЕ: Кој лидер наместо книги во канцеларијата има машина за броење пари, како Али Ахмети?

Али Ахмети/Фото: Анадолу Агенција

Добро е што Ахмети признава дека покрај СДСМ главната причина за неуспех на државата е самата ДУИ, лошата вест е што ДУИ заедно со СДСМ продолжуваат да ја пљачкосуваат државата, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-ДУИ да не ја монополизира својата улога кај Албанците, бидејќи ако за ДУИ беа вистински важни Албанците немаше да ги крадат со тендери и криминал, како што тоа СДСМ го прави на ниво на цела држава. Секогаш кога Ахмети сака да се додвори кај странскиот фактор веднаш се откажува од Косово, а секогаш кога треба да крадат и да им врват тендери во четири очи, зборат во јавноста за патриотизам. Во канцеларијата на кој лидер во светот наместо книги, стои машина за броење на пари, како што е случајот со Али Ахмети. Тоа е доказ дека ни права ги интересираат, ниту имаат чувство за грижа за народот, туку само тендери и договори во четири очи, потенцираат од партијата.

Од таму додаваат дека ДУИ го нема монополот кај Албанците, а на тоа треба да реагираат и Алијанса на Албанците, и БЕСА, и Алтернатива и сите останати партии.

-Критиките кон ДУИ не се критика кон Албанците, туку критика кон криминалците кои ги злоупотребуваат сите граѓани. Затоа денес имаме влада администрирана од Ковачевски, а вистински водена од ДУИ на Груби, Бектеши, и Османи, влада без резултати, каде од зелена агенда ја признаваат само зелената боја на парите. И Македонците, и Албанците со СДСМ и ДУИ живеат се потешко, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот