ВМРО-ДПМНЕ ќе се консултира со јавноста, па ќе оди на референдум за преговарачката рамка

Фото: Архива на „Слободен печат“

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната седница едногласно и во целост ја прифати иницијативата за референдум и народно изјаснување во однос на преговарачката рамка за ЕУ, односно „штетните делови кои опфаќаат целосна асимилација, промена на историјата и бугаризација“, изјави вечерва генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски пред централниот партиски штаб.

Во перидот што следи, како што информира тој, партијата почнува процес на широка консултација со експертската и општествената јавност за природата, карактерот и формулацијата на референдумското изјаснување чија крајна цел, како што кажа, е „народно спротивставување на идентитетското обезличување”.

Сајкоски посочи дека најпрво ќе направат широка консултација со општестевните чинители, па потоа ќе го водат процесот.

Седницата на ИК на ВМРО-ДПМНЕ сѐ уште трае, а на неа се разговарало за актуелни теми, како што е политичката состојба, со посебен осврт кон актуелното прашање врзано со преговарачката рамка и спорот со Бугарија.

„На површина излегоа сите лаги на Владата. Ветија и излажаа дека преговорите започнуваат веднаш, а преговорите започнаа само за Албанија“, рече Сајкоски, додавајќи дека се уште останува ветувањето на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека се против уставни промени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот