Џафери очекува денот да заврши мирно и без проблеми

фото: МИА, Интервју на премиерот во техничката Влада Талат Џафери

Техничкиот премиер, Талат Џафери утрово го исполни гласачкото право и смета дека се исполнети сите услови за одвивање на изборниот процес.

– Очекувањата е да заврши денот мирно, значи без проблеми. Јас сум убеден во тоа дека така и ќе биде. Впрочем граѓаните покажаа високо ниво на култура во гласачкиот процес уште на 24 април. Нема причина поинаку да биде денес. Во крајна инстанца граѓаните се свесни за значеето на изборниот процес и ја имаат сета слобода да си ја изразат волјата во кутиите. Со тоа фактички го даваат гласот даваат за оној кандидат на којшто мислат дека ги исполнува нивните очекувања, рече Џафери.

На новинарско прашање дали гласал денес и за претседател и за парламентарни тој потврдно одговори.

– Да, секако. Слобода на избор и во секој случај тоа е и право, и можност, и во крајна инстанца како човек да се исполни обврската кон граѓаните, потенцира Џафери.

Техничкиот премиер на гласачкото место во родното село Форино дојде во придружба на членови од потесното семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот