ВМРО-ДПМНЕ ги повлече амандманите на Законот за државјанство, на ред се АА/А

Мицевски за „Слчободен печат“ потврди дека нема намера да оди на координациите кај Џафери по разрешувањето на Зендели / СП. архива

По вчерашната средба на премиерот Зоран Заев и лидерите на Алијансата и Алтернатива Зијадин Села и Африм Гаши за Законот за државјанство, ВМРО-ДПМНЕ денеска ги повлече амандманите. Според нив, на лицемерните игри и политиканството на Заев и СДСМ на сметка на граѓаните и стопанството, им нема крај. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, ги повика Алијанса за Албанците и Алетрнатива веднаш да ги повлечат амандманите поднесени за законите од петтиот сет антикризни мерки.

– Свесни за недостигот на искрена желба за брзо решение, но и за критичниот момент во којшто се наоѓаат Македонија, граѓаните и стопанството, ќе ги повлечеме сите амандмани на Законот за државјанство се со цел конечно да се изгласа петтиот пакет на мерки за помош на граѓаните и стопанството, рече Мицевски.

Според него, во време кога над 55 илјади граѓани се останати без работа и едвај врзуваат крај со крај, кога македонската економија е на колена и илјадници компании се затворија, власта покажува неодговорност и кон граѓаните и кон стопанството.

-Бидејќи Владата до предлагачот достави негативно мислење, а со недели Зоран Заев и други официјални лица на СДСМ даваат изјави за неприфаќање на текстот на законот кој е во процедура, ги повикуваме истиот веднаш да го стават на комисија, бидејќи нема деловнички пречки односно нема амандмани, да ја продолжат пленарната седница и да се гласа за овој закон. Истовремено, ја повикуваме коалицијата Алтернатива/Алијансата за Албанците да ги повлече амандманите од петтиот пакет на мерки, за да можат компаниите и граѓаните да ги добијат и онака недоволните и задоцнети средства како помош за справување со последиците од КОВИД пандемијата, вели Мицевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот