ВМРО-ДПМНЕ: Ангелов да замине од ЦУК и да отстапи место на друг кадар

Унапредувањето на статусот на Стојанче Ангелов од в.д. во директор на ЦУК од страна на Владата е само по себе скандал. Човекот кој покажа дека ниту знае да менаџира ниту да управува со кризи да го унапредиш, наместо да го разрешиш и да поставиш компетентен лик е бесрамен потег на власта, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Не би сакале да веруваме дека Заев се опкружува со неспособни и непресмерливи ликови околу себе, само за да изгледа паметно и поспособно.

Ако сакате да спасите животи, ставете друг човек наместо Ангелов. Ангелов ако навистина и мисли добро на Македонија доблесно нека си замине и нека отстапи место на некој кој е способен, оти вака свесно или не е глинениот гулаб на Заев, стои во нивното соопштение.

Стојанче Ангелов именуван за директор на ЦУК

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот