Стојанче Ангелов именуван за директор на ЦУК

Фото: МИА

Владата на денешната седница го именува Стојанче Ангелов за директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Ангелов досегаше беше на истата функција, но како вршител на должност.

По избувнувањето на пожарот во Кочани на 2 август и информацијата за несервисираните канадери, тој беше обвинет од опозицијата и од дел од јавноста, за лошо менаџирање на ситуацијата. ВМРО-ДПМНЕ побара од него и да си поднесе оставка.

Но, Ангелов неколку пати потенцираше дека не само што не направил никаков пропуст како прв човек на ЦУК, туку е и горд на реализираното во врска со гасењето на пожарот во Кочани.

– Најодговорно и категорично тврдам дека беа преземени сите мерки, се што ни беше на располагање се стави во функција тој ден. Не само што не направив пропуст, туку сум и горд на тоа што го направиме во Кочани, истакна Ангелов во денешното гостување на Канал 5 и најави тужба за пратеникот од Кочани доколку, како што рече, не му се извини за изнесените невистини.

За Ангелов, реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ за пожарот во Кочани е невкусна и неточна, за добивање политички поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот