Уште еден повик до Таравари за формирање влада
Во пресрет на парламентарните избори, започнаа предвремените калкулации за можни коалиции во формирањето на новата политичка влада по 8 мај
„Вистинските газди на Македонија во моментов се ДУИ – и потребно е обединување за радикално да се расчисти сето она што во моментот е владеење во Македонија“. Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски ја повика Коалицијата „Вреди“ за заедничка соработка.
„Влада предводена од ВМРО – ДПМНЕ, а бидејќи во Македонија е непишано правило да има партнер од албанскиот политички кампус, да се обедини со сега така наречена албанска опозиција или ВЛЕН – така ќе формираме влада која радикално ќе расчисти со сето она што во моментот е владеење во Македонија, од СДСМ и особено од ДУИ, бидејќи во моментот ДУИ владее со Македонија и тие се вистинските газди на Македонија и на тоа ќе ставиме точка, рече носителот на изборната листа на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање по синоќешната честитка на Таравари до Мицкоски и коалицирањето по изборите за формирање влада.