Јанчев од „Левица“: Предвидуваме сериозна државна интервенција во земјоделството

Сашко Јанчев, Левица Фото: ТВ Кобра

Во Четвртата изборна единица се: Струмичко-радовишката, Гевгелиско-валандовската Котлина, Тиквешијата и голем дел од Пелагонија. Сашко Јанчев, носител на листата за пратеници на Левица во ИЕ 4, изјави дека „имаме златно поле и штета е луѓето да имаат ваква дедовина, да имаат сè, а да го бараат спасот некаде во странство“.

– Затоа Левица во својата програма предвидува сериозна државна интервенција во земјоделието која се состои од: Разбивање на зелената мафија на прекупци; Планско производство на земјоделски производи со цел да нема вишоци и недостатоци на производи; Државни откупни центри; Државни ладилници од кои ќе се снабдуваат со храна градинки, училишта, болници, армијата; Стоковните резерви да се пополнуваат строго од домашно производство со однапред склучени договори со земјоделците и производителите; Аграрен максимум, односно забрана – малку луѓе да можат да го откупат целото земјоделско земјиште; Стимулирање задругарство. Крајна цел ни е прво да произведеме храна за Македонија, а потоа државата да се вклучи во пронаоѓање пазари во странство – изјави Јанчев, пренесе ТВ Кобра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот