Касами: Има заплашување и притисок врз гласачите од структури во полицијата

Фото: „Вреди“

Се надеваме дека изборниот ден ќе помине мирно иако има елементи на заплашување и притисок од власта односно од одредени структури во полицијата, особено во Секторот за внатрешни работи во Тетово, изјави денеска лидерот на движењето „Беса“, Билал Касами.

Коалицијата на албанската опозиција „Вреди“ се надева дека изборниот ден ќе помине мирно, иако, како што велат, има елементи на заплашување и притисок од одредени структури во полицијата.

– Се надеваме дека изборниот ден ќе помине мирно иако има елементи на заплашување и притисок од власта односно од одредени структури во полицијата, особено во Секторот за внатрешни работи во Тетово, изјави денеска лидерот на движењето „Беса“, Билал Касами.

Тој ги повика и нивните политички опоненти да придонесат за мирен изборен ден и после 8 мај државата, како што рече, да продолжи по евроинтегративниот пат.

Според Касами, околу пет илјади иселеници се пристигнати во земјава за да гласаат на 8 мај за коалицијата „Вреди“, а се очекува оваа бројка да достигне до 10.000.

– Имаме информации дека одредени структури на ДУИ испратиле луѓе од Царината и од полицијата на граничниот премин Табановце за да ги отргнат нашите иселеници да гласаат. Ги повикуваме нашите опоменти да придонесат за мирен изборен ден. Нека победи најдобриот, оние што имаат најдобра понуда, а по 8 мај, Македонија да се врати на евроинтеграцискиот пат, рече Касами во изјава за медиумите.

Тој посочи дека во изборната програма предвидуваат над 100 милиони евра годишно за општините со претежно албанско население кои ќе бидат наменети за подобрување на инфраструктурата и економскиот развој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот