Влатко Ѓорчев, гостин во Утрински брифинг/ Фото: Слободен печат

Влатко Ѓорчев назначен за координатор за демографија, млади и човечки ресурси

Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев е назначен за национален координатор за демографија, млади и човечки ресурси.

На последната владина седница Лилјана Затуроска пак, е именувана за национален координатор за локална самоуправа, Верче Мицевска е именувана за национален координатор за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика.

Владата досега ги назначи Павле Трајанов за национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот, Блерант Рамадани за национален координатор за примена на нови технологии и Солза Грчева за национален координатор за реформи во високото образование.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот