22 C
Скопје

Властите глуви на барањата на Македонците од Албанија за формирање две нови општини – Голо Брдо и Гора

Македонската заедница во Албанија веќе седум години бара од албанските власти да се формираат две нови општини – Голо Брдо и Гора. Според претседателот на македонското друштво „Илинден“ – Тирана, Никола Ѓурѓај, со нивното формирање ќе се олесни животот на Македонците во овој дел на Албанија.

За „Слободен печат“, Ѓурѓај вели дека досега властите на Албанија ниту еднаш не им испратиле официјален одговор на нивното барање за формирање на нови општини.

– По седум години од реформата на територијална организација на локалната самоуправа, областите Голо Брдо и Гора каде што живеат Македонци, останаа неразвиени, а услугите од државната администрација и локалната самоуправа отежнати. За еден извод се патува два часа, а снабдувањето со храна и лекови и натаму тешко се остварува.

И денеска, на седумгодишнината од укинувањето на општините, Македонското друштво „Илинден“ – Тирана и Македонското друштво „Илинден“ – Огранок Голо Брдо, повторно го актуелизираат барањето од 2014 година, Владата да предложи изменување и дополнување на Законот за општините со формирање на две опшини – општина Голо Брдо и општина Гора. Тие испратија и соопштение до медиумите во кое пишува дека градоначалниците не треба да бидат именувани од Владата туку избрани на општи непосредни и тајни избори од граѓаните заради „доверба во системот и непосредното решавање на локалните комунални проблеми“.

 

 

Поврзани вести

КПТ: Северна Македонија да воспостави професионална затворска служба и да ги подобри условите во затворите

Слободен печат

Германија ја дозволи вакцината на „Астра-Зенека“ за сите возрасти

Слободен печат

Масовен протест во Атина: Ципрас и Варуфакис на чело на колоната со демонстрантите

Слободен печат

Спасовски: До 2015-та имавме 7 дрегери и 10 радари, а сега покажуваме најдобри резултати за безбедноста во сообраќајот

Слободен печат

ВИДЕО I Крвопролевање во Рио: Брутален судир помеѓу полицијата и дилерите, најмалку 25 мртви, вклучително и полицаец

Слободен печат

Филологот Ниами: Отстранувањето на зборови од Толковниот речник е чин на цензура забранета со Устав

Слободен печат

Остави Коментар