Владина делегација положи цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев по повод Денот на македонската револуционерна борба

владина делегација фото МИА

Владина делегација составена од Филип Николоски заменик министер за финансии, Роберт Алаѓозовски национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка и Беким Реџепи заменик-министер за транспорт и врски, денеска положи свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје по повод одбележувањето на 23-ти Октомври – Ден на македонската револуционерна борба.

– Република Северна Македонија денеска го чествува „23-ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба” во знак на сеќавање на денот кога во 1893 година беше основана Македонската револуционерна организација која ја понесе борбата за остварување на вековниот идеал на македонскиот народ, за создавање на сопствена држава – држава на слобода, правда, еднаквост, независност, се наведува во соопштението од владината прес-служба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот