Владејачката партија Грузиски сон води на денешните изборите

epa08789231 Supporters of ruling party Georgian Dream celebrate exit poll results during rally after end of the parliamentary elections, in Tbilisi, Georgia, 31 October 2020. EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Владејачката партија Грузиски сон води на денешните парламентарни избори во Грузија, според четири излезни анкети по затворањето на избирачките места.

Обединетиот сон веќе прогласи победа на изборите, кои се сметаат за тест за кредибилитетот на владејачката партија.

Лидерот на владејачката партија Грузиски сон, Биџина Иванишвили/ Фото: EPA-EFE/ZURAB KURTSIKIDZE

Според анкетите, опозициското Обединето национално движење е на второ место, а неколку други опозициски партии го поминаа прагот од еден процент.

На изборите учествуваат 48 партии и две коалиции. Изборите се одвиваат под мешан систем: 120 кандидати ќе бидат избрани во Парламентот на пропорционална листа и уште 30 од мнозинска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот