Владата ќе го прошири кабинетот на генералниот секретар Зеќири бидејќи канцеларијата на Рашковски ја зел Груби

Влада зграда
Фото: Архива на „Слободен печат“

Вчера Генералниот секретаријат објави оглас за реновирање на дел од просториите во Владата и набавка на мебел. Во тендерската документација стои дека станува збор за оформување на простор на кабинетот на Генералниот секретар на Владата.

– За оформување на работниот простор на кабинетот во смисла на подобрен простор и функција предложено е решение за припојување на дел од површината на ходникот кон површината на кабинетот. Кабинетот се наоѓа на вториот кат. Предложената реконструкција на просторот на кабинетот не влијае на носечката конструкција на објектот и не го нарушува постоечкиот конструктивен систем на градба, стои во техничката документација објавена на Бирото за јавни набавки.

Генералниот секретар Зеќири за порталот САКАМДАКАЖАМ.МК изјавил дека откако тој стапил на оваа функција не му била доделена канцеларијата која ја користел генералниот секретар Драги Рашковски бидејќи таа ја земал вицепремиерот Артан Груби, а нему му била доделена друга помала слободна просторија.

– Потребно е проширување на оваа просторија и затоа ќе се изврши зафат за проширување кон ходникот за поголема функционалност, изјавил Зеќири за СДК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот