Владата ја усвои Информацијата за склучување колективен договор за високо образование

Влада на РСМ / Фото Слободен печат/ Драган Митрески

Владата на денешната седница ја усвои Информацијата за склучување колективен договор за високо образование и наука и ја овласти министерката за образование и наука Мила Царовска да го потпише.

Со колективниот договор прв пат по 30 години се уредува системот на плати, се утврдува основната бруто плата со коефициент на сложеност на работното место во високото образование. Дополнително, предвидено е и зголемување на плататa на наставниот и ненаставниот кадар во септември 2021 година и во септември 2022 година.

-Едно од позабележителните постигнувања со овој колективен договор е и уредувањето на исплатата за минат труд, кој во изминатиот десетгодишен период или не се исплаќал или се исплаќаа со големи потешкотии од страна на високообразовните установи, наведува владината прес-служба.

На седницата е утврден и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Бирото за развој на образованието со кој се врши усогласување на надлежностите на Бирото со другите закони кои ја тангираат неговата работа, како што се законите кои го регулираат основното и средното образование, учебниците, статусот на наставниците и стручните соработници,…

-Со овој Предлог-закон ќе се воспостави и развива портал за учење од далечина и дигитални содржини за користење во наставата што е од исклучително значење во последно време со пандемијата со КОВИД-19, при што се земаат предвид и глобалните тенденции во насока на развој на учење од далечина. Со новите законски решенија се овозможува и ангажирање стручни лица кои во целост ќе одговорат на законските надлежности на Бирото, а со тоа и за унапредување и развојот на образованието, велат од Владата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот