Владата издвоила три милиони евра за изградбата на новиот „Качанички пат“

Владата наменски доделила три милиони евра, од вкупната вредност од шест милиони евра, на градот Скопје за изградба на булеварот „Хасан Приштина“ или како што е познат, „Качанички пат” во Визбегово, до скопската обиколница, напиша денеска на Фејсбук вицепремиерот Артан Груби.

Тој информира дека во разговор и соработка со градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, која е надлежна за реализиција на проектот, ги почнале последните административни подготовки во Владата и Министерството за транспорт, за, како што потенцира, да започне и заврши оваа важна сообраќајна артерија за градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот