Владата именува в.д. директор на Фондот за ПИОМ

ПИОСМ / Фото: Архива на Слободен печат

Владата на денешната седница го именува Арсим Хасани за в.д. директор во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ), соопштија од „Илинденска“.

„Владата даде согласност на Одлуката од 17.03.2023 година на Управниот одбор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, со којашто за вршител на должноста директор на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија е именуван Арсим Хасани“, се вели во владиното соопштение.

Хасани е кадар на Алијанса за Албанците, а неговото назначување на челната позиција во Фондот за ПИОМ е дел од договорот со кој оваа партија минатиот месец ѝ се приклучи на владејачката коалиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот