Владата го повлече предлогот на Законот за Академија на судии и усвои нов

Фото: Влада на РСМ

Поради долгата собраниска процедура која го блокираше процесот за донесување на предлог Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, Владата го повлече законот со цел во него да бидат вградени сите предложени амандмани кои се во интерес за подобрување на текстот согласно европските вредности. Новиот текст на предлог Законот за Академија за судии и јавни обвинители денеска беше повторно во владина процедура и на денешната владина седница беше усвоен.

Во соопштението на Министерството за правда се вели дека согласно предвидените активности во Акцискиот план на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022, се донесоа повеќе законски решенија кои беа значителен исчекор во процесот на спроведување на реформите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот