Генерал-потполковник Владимир Алексеев/Фото: Скриншот

Висок руски офицер префрлен во болница откако бил застрелан во Москва, напаѓачот избегал

Висок руски офицер, генерал-потполковник Владимир Алексеев, е итно префрлен во болница откако беше застрелан денеска во Москва, соопштија официјални лица, пренесува Ројтерс.

Алексеев е заменик-началник на Главната дирекција на Генералштабот при Министерството за одбрана. Кога шефот на платеници Евгениј Пригожин организираше краткотраен бунт во јуни 2023 година, Алексеев беше еден од највисоките функционери кои беа испратени да преговараат со него.

Канцеларијата на московското обвинителство соопшти дека Алексеев бил застрелан неколку пати во станбена зграда во северозападна Москва од непознат напаѓач кој избегал од местото на настанот.

Неколку високи руски офицери се убиени од почетокот на војната во Украина, а Москва го обвинува Киев за нападите. Во некои случаи, украинското воено разузнавање ја презеде одговорноста.

Последниот убиен офицер беше началникот на директоратот за обука на армијата на Генералштабот, генерал-потполковник Фанил Сарваров, кој беше убиен од бомба под неговиот автомобил на 22 декември.

ВИДЕО+ФОТО | Руски генерал е убиен во експлозија на автомобил бомба во Москва

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот