Викендов започнува јубилејната 30 сезона во македонската кошаркарска лига

МЗТ Скопје Аеродром ја брани титулата од минатата сезона во Првата македонска лига/Фото: kfsm.mk

Првата машка лига оваа година слави еден убав јубилеј, односно ќе се игра 30 сезона од постоењето на независна македонска кошарка.

Од сабота (2 октомври) вкупно 12 екипи ќе ја започнат трката за шампионската титула која од минатата сезона ја брани МЗТ Скопје Аеродром.

Две екипи дебитираат во најсилната конкуренција, Феникс 2010 и Ангели, и двете од Скопје, каде дефинитивно е „базирана“ нашата Прва лига во сезоната 2021/2022. Особено доколку се земе в предвид дека во шампионатот ќе учествуваат и најтрофејниот наш клуб, Работнички, ланските дебитанти, Навико Академија ФМП, и ТФТ, како и „вториот тим“ од Аеродром, МЗТ Скопје Уни Банка.

Можеби, „на хартија“, и според количината на домашни имиња, најголема конкуренција на МЗТ, ќе биде битолски Пелистер, вториот наш учесник во АБА 2 лигата. Никако не смее да се заборави на Еуро Никел 2005, ланскиот „предизвикувач“ на металците“ во големото финале на плеј-офот.

Во слична ситуација како Работнички, влезе и Гостивар, екипа во која исто така се случија доста, пред сè, играчки промени, па и Куманово, кој заедно со ТФТ се обидоа, излегоа надвор, во Европа, макар што нивниот престој траеше кратко.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ 1. КОЛО

2 ОКТОМВРИ (САБОТА):

14.00: Феникс 2010 – Навико Академија ФМП

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

16.30: МЗТ Скопје Уни Банка – Работнички

Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

18.00: Еуро Никел 2005 – Гостивар

Сала „Јасмин“ – Кавадарци

3 ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА):

18.30: Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром

Сала „Младост“ – Битола

4 ОКТОМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК):

17.30: Кожув – ТФТ

Сала „26.април“ – Гевгелија

18.00: Куманово 2009 – Ангели

Сала „Перо Наков“ – Куманово

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот