Струга објави кој ќе го води тимот во последните три кола

Фото: F.C. Struga

Денеска изнеднадувачки актуелниот шампион Струга Трим Лум објави дека се разделува со тренерот Шпетим Дуро на само три кола пред крајот на првенството и во моментите кога тимот е во битка со Шкендија за титулата.

Сега е потврдено и кој ќе ја води Струга во преостанатите три средби до крајот на сезоната. Во клубот се одлучија довербата да ја дадат на досегашниот помошник Мертион Гегеш.

На клупата Гегеш пристигнува како привремено решение и во текот на летната пауза клубот ќе доведе ново име на клупата.

Ваквата одлука по веста за заминувањето на Дуро може да се каже и дека е очекувана бидејќи стружани немаат многу време да се адаптираат на промени. На табелата во ПМФЛ Струга, Шкендија и Шкупи влегуваат во последните три кола со по 58 бода.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот