Горан Винчиќ -Винча/ фото: Методи Здравев/Слободен печат
Горан Винчиќ-Винча / фото: Методи Здравев / Слободен печат

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Горан Винчиќ: Тој ваш Сашко Коцев можеби е згоден, ама јас со мојата крупна појава би го сокрил

Тој често знае да направи хумор на своја сметка, политиката неретко му е инспирација, а во новиот материјал како татко на три деца подготвил многу шеги инспирирани од родителството и семјените случувања со мали деца.

„Комедијата е серизона работа“, вака е насловена турнејата на популарниот хрватски стендап комичар Горан Винчиќ – Винча кој на 8 мај доаѓа во Скопје.

„Најголемиот страв за комичарите е тишината, ако публиката не се смее на твојата шега, тоа го викаме ‘dying on stage’ (умирање на сцена). На почетоците ми се случуваше да подготвам нешто мислам дека е добро, дека луѓето ќе се смеат, ама недобивам фидбек од публиката, штама. Е, таа тишина е најголемата болка за нас комичарите“, вели Винча за „Слободен печат“.

Ја следи и македоснката стендап сцена и вели дека и покрај тоа што понекогаш не ги разбира што кажуват сепак сите комичари имаат заеднички јазик.

„Сум ги гледал и Бојан Велевски, Маријан, Никола Тодоровски, одлични се сите. Еве можеби тој ваш Сашко Коцев е згоден, ама па може да се сокрие позади мене“, низ смеа вели нашиот соговорник, одново шегувајќи се на своја сметка за вишокот на килограми.

Горан Винчиќ -Винча/ фото: Методи Здравев/Слободен печат
Горан Винчиќ -Винча/ фото: Методи Здравев/Слободен печат

Винча е татко на три мали деца, два сина и ќерката која е бебе.

„Ќерка ми се вика Слобода, не како ‘Слободен печат’, туку Слобода Винчиќ. Татковството ме иснпирира и имам подготвено многу материјал поврзан со семејни случувања. Ми рекоа дека македонската публика е многу пријатна се надевам ќе допрам до нив. Иако низ годините почнав да ги засмејувам и оние најозбилните“, вели тој.

Винчиќ поради работата овој месец со сопругата и децата ќе може д апомине време само пет дена, емотивно зборува за тоа дека оваа работа не е ни малку лесна.

Винчиќ на 8 мај ќе настапи во Филхармонија со солистичко стендап шоу, за кое по ова интервју очекуваме оригинални моменти поврзани со Македонија, бидејќи на некој начин го иснпириравме токму за тоа.

Погледнете го целото интервју на јутјуб каналот на „Слободен печат“.

Горан Винчиќ -Винча/ фото: Методи Здравев/Слободен печат
Горан Винчиќ -Винча/ фото: Методи Здравев/Слободен печат
Горан Винчиќ -Винча/ фото: Методи Здравев/Слободен печат
Горан Винчиќ -Винча/ фото: Методи Здравев/Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот