ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Златановска – Попова: Под итно да се воведе предмет емпатија, за да научат граѓаните како да се грижат за она што е заедничко

Катерина Златановска Попова/фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Под итно да се стави акцент на воведување емпатија како предмет, да почнеме да се освестуваме дека сме еден од многуте, да го имаме чувството на заедницата. Уште од градинка да има настава дека треба сите заедно да се грижиме за се` што е заедничко, вели во гостувањето на „Слободен печат“ Катерина Златановска – Попова.

Таа додава дека со новите начини и пристапи и вештини, фаворизирање на неформалното образование со сите вештини склопени, станувате поконкурентни на пазарот. Дел од мојата професија е советник за развој на кариера, професии на иднината, тренер за меки вештини, експертите велат дека се повеќе ни се потребни животни вештини кои ќе ни помогнат да живееме во новото современо општество.

– Терминот работоспособност се заменува со зборот вештина. Во денешно време титулите, звањата, дипломите многу често не вршат работа, тоа беше битно порано, сега во денешно време сите работодавци сакаат да знаат што знаете и како вашето знаење ќе го преточите во продуктивност, додава таа.

Според Златановска- Попова секојдневно живееме различна верзија од себе, прашање е дали ќе одбреме подобра верзија или полоша.

– Меките или животни вештини се нешто што го учиме низ животот, да се справуваме со конфликти, да наоѓаме решенија, да размислуваме надвор од коцката. Она што ние го правиме како кариерни советници, ги поттикнуваме луѓето да истражуваат за себеси, во зависност од тоа кој во која фаза од животот се наоѓа и да ги искажат своите потреби. Интервенцијата е да се разгледаат опциите, можностите и која е новата патека за да се започне. Денес луѓето се похрабри да започнат од почеток дури и на подоцнежни години. Менувањето кариера почна да станува и доброволно, не како порано принудно, сега луѓето и на зрели години се подготвени да истражуваат и да учат одново, да студираат одново итн, вели таа.

Според Златановска- Попова преквалификацијата ќе стане наше секојдневие и доживотното учење, живееме во толку динамично време што не можеме да застанеме, Вештачката интелигенција колку и да звучи далечно и чудно, е тука и мораме да го прифатиме, со напредок на алатките кои АИ може да ги користи, целиот наш начин на работа се менува.

-Она што ме радува е што луѓето свесно ја бараат смислата во животот, одењето на работа за да се земе само плата веќе не е прифатлив начин на живеење. Работиме со студенти но и со возрасни, она што сакам да кажам е дека мора да продолжат да учат и да ги развиваат своите вештини, мора да гледаат кон иднината, денес не е доволно, мора да размислувам што ќе му треба на општеството во иднината, појаснува таа.

Како што додава приоритетот не е ставен само на дипломата и тоа што го носи, според Златановиќ Поповска многу дипломи денес не се оправдани, нема знаење, вештина и сл, вештините не се купуваат.

-Сестраноста, во денешно време се очекува луѓето да имаат вештини под повеќе можности, ИТ инженер и уметност, архитект и педагогија, различни вештини. Најтипичен пример е во земјоделието во светот каде се повеќе се употребува технологијата и многу ИТ инженери влегуваат во земјоделието, и да помогнат да се развијат овие технологии. Будењето на свеста и емпатијата е дел од емоциноалната интелегинција која не разликува од машините, ако станеме поемпатични за свеста кон другите, за лицата со посебни потреби, мајките со колички итн, бидејќи тротоарите се употребени за паркирање ќе направиме сериозна промена во сите сегменти на живеењето, а базата е едукацијата, додава таа.

Целото интервју со Катерина Златановска – Попова погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот