ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Владица Младеновски – Грга: „Ефтеркланг: Македониум бенд” е фантастичен филм кој покажува дека музиката навистина е универзален јазик

Владица Младеновски – Грга/фото Слободан Печат/Слободан Ѓуриќ

Младинскиот културен центар ја најави светската премиера на филмот „Ефтеркланг: Македониум бенд”, во режија на Андреас Јонсен на еден од најголемите светски фестивали за документарен филм „CPH:DOX” на 23 март 2024 година во Копенхаген, Данска. По тој повод во утринската емисија „Слободен печат“ гостуваше музичкиот уредник на МКЦ, Владица Младеновски – Грга.

– Ја имаме таа чест нашиот филм што го правевме, го презентираме на светска премиера на престижниот фестивал „Копенхаген Докс“ во сабота на 23 март и тоа не со една, туку со две изведби, значи со две прикажувања и со два концерти. Во Копенхаген не одиме само ние и филмот, туку одат и 30 члена македонска експедиција, односно целиот бенд и дел од екипата, која учествуваше во снимањето на филмот – изјави Младеновски.

„Ефтеркланг“ се дански бенд кој има настапувано во МКЦ неколкупати. За време на нивното последно гостување за време на коронавирусот, се родила идејата за еден поинаков и поинтересен проект.

– Дојдоа тројца музичари од Данска со нивна екипа, киноматографер и режисер во Македонија на седумдневна музичка резиденција. Тогаш објавивеме на социјални медиуми дека тие се тука и дека планираме да правиме бенд. Така се собраа 6 македонски музичари и 16 члена од Женскиот младинскиот хор при МКЦ. Од 23 до 28 април минатата година работеа на таа музичка креација и на 30 април отидовме со автобус во Крушево и таму го свиревме концертот пред Македониумот. Сето тоа се снимаше од страна на дански кинематографер и режисерот Андреас Јонсен и од тоа направивме документарец, кој сега ќе ја доживее светската премиера – вели Младеновски.

Повеќе од разговорот со Владица Младеновски – Грга, можете да погледнете на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот