ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Величковски: Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го прави со новите министерства е префрлање од шупливо во празно

Ивон Величковски / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Контролата на партиите врз јавниот дискурс и потоа контролата на партиите врз јавните пари се врши со тоа што се фрла една тема пред јавноста и потоа ете, ние се занимаваме со симболи, со тоа кој каква изјава дал при преземање на функција а никој не разговара за тоа што се суштински прашања, порача Ивон Величковски во интервју за Слободен печат.

„Тоа што ВМРО-ДПМНЕ денеска го прави од едно да прави две министерства, тоа е префрлање од шупливо во празно, истиот буџет се троши. Нам ни треба вистинска реформа во јавната администрација“ оцени Величковски.

Тој се осврна и на свечената изјава на претседателката Гордана Силјановска Давкова сметајќи дека тоа било чин на иредентизам.

„Да речеме конкретно, со читањето на изјавата од страна на Давкова, таа не само што прекрши дел од преземањето на функцијата, бидејќи функцијата ја преземате со потпис и со давање на одредена изјава, туку нафрли непотребна потреба за манифестирање на иредентизам кој што не смее да биде манифестиран од државник и јавен функционер“ посочи Величковски.

Повеќе од интервјуто со Величковски во видеото во продолжение.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот