ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Тасевски: За разлика од досега, новоизбраниот директор е контролор на летање 20 години

Александар Тасевски - претседател на синдикат на контролори на летање/ Фото: "Слободен печат" / Драган Митрески

„За разлика од досега, сега имаме случај каде избраниот директор е активен контролор на летање и изминативе 20 години е на работно место. Секој ден е на смена, свесен со се што се соочуваме“ рече претседателот на синдикатот на М-НАВ, Александар Тасевски во утринската програма на „Слободен печат“.

Тој додаде дека директорот кој сега се разрешува бил повеќе од административна природа и не бил упатен во оперативното управување.

Во врска со заканата со штрајк и затворање на македонското небо, Тасевски рече дека синдикатот ги почитува законските норми и правила за штрајк.

„Законските норми се пропишани и ги има во законите. Се` е дефинирано како може да се штрајкува и ние тоа го запазуваме. Мора да се пружи услуга на авиони на полиција, војска, за итни ситуации од медицински потреби, пожари“ рече Тасевски.

Тој додаде дека кога се зборува за затворање на небото, се мисли на комерцијалниот дел, а не за безбедност.

„Секој што би бил во вонредна ситуација и ние како професионалци не би дозволиле да остане без контрола на летање“ рече Тасевски.

Целиот разговор со Александар Тасевски погледнете го во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот