ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Штефан Клингелхофер, професор од Германија: „Увезете“ ги нашите искуства во образованието

Штефан Клингехофер / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Дуалното универзитетско образование е добра формула за успех. За компаниите е важно навреме да обезбедат висококвалификуван и образован кадар, за студентите е добро што и во текот на студирањето си обезбедуваат одредени приходи, порачува професорот кој предава и во Скопје

Дуално образовани во средните училишта веќе е широко распространето во Македонија, но истата формула се предлага и за високообразованиот кадар. Таков систем има во Германија, а Македонија се обидува да го „увезе“ преку германскиот факултет „Хајделберг“ од Скопје. Истовремено работење во некоја компанијаи и академско образование е добитна комбинација, вели во разговорот за утринската емисија на „Слободен печат“ Штефан Клингелхофер, универзитетски професор од Германија, кој предава на овдешниот факултет.

– Јас не сум експерт за едукација и образовниот систем во Македонија, но може да ви предложам некои искуства од Германија. Мислам дека во Германија имаме многу добар систем на образование и на едукација. Си имаме и ние наши проблеми…. Пробуваме преку Хајделберг факултетот во Скопје да увеземе германски систем, тоа е во суштина дуалното образование. Суштина е истовремено работење во компаниите и академско образование и комбинирање на сето тоа. Не знам колку договори има склучено со компании, но знам дека има 10 студенти кои во моментов се на интервју за вработување кај дуалните партнари на Хајделберг.

Тој вели дека не сите факултети и во Германија работат по дуален систем.

– Нешто што е позитивно кај дуалниот систем е дека е делумно платен од страна на дуалните партнери, т.е. компаниите каде што  студентите работат – вели Клингелхофер.

 

 

Клингелхофер вели дека Германија страда од демографски промени.

– Ни фали работна сила од млад едуциран кадар. Профилот што сега најмногу недостасува се експерти за дигитализација, ИТ, компјутерски науки. Аутсорсингот и работењето со експерти во Македонија е нешто што веќе се прави – вели професорот.

Штефан Клингехофер / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Тој објаснува дека сега во Германија се водат големи дискусии за номадското работење – колку работниците треба да работат од канцаларија и колку може да работат од каде било.

Во однос на образованието и неговата примена во сите сфери, Клингелхофер го истакнува значењето на дигитализацијата.

– Мислам дека има големи можности и за Македонија и за Германија да ги дигитализираме и да ги направиме поефикасни и побрзи сите процеси. Земете на пример работа на еден професор. Вештачката интелигенција може да помага многу во приготвување на лекција, што значи дека ќе потрошам помалку време во подготовка на содржина и повеќе ќе се концентрирам на дијалогот со студентите – објаснува професорот.

На новинарско прашање зошто во Македонија продуктивноста е ниска, а кога нашите работници ќе заминат во Германија тогаш се вклопуваат во системот, Клингелхофер вели дека вината не може да се бара во работниците.

– Јас може само да шпекулирам за ова прашање. Но, ако исти луѓе не се продуктивни овде, а се продуктивни на друго место, тоа не може да биде проблем на луѓето. Така, ако не е проблем на луѓето, тогаш е проблем на органзиацијата, процесите, на рамката, јас не знам и не можам да кажам ништо за тоа, но вистината е дека проблемот не е во луѓето – заклучува Клингелхофер.

Целото ВИДЕОИНТЕРВЈУ погледнете го во продолжение:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот