ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Сеад Ризвановиќ: Руската агресија во Украина влезе во стадиум на „војна на исцрпување“

Сеад Ризвановиќ/фото Слободан Печат/Слободан Ѓуриќ

Новинарот и уредник Сеад Ризвановиќ во интервју за Слободен печат направи анализа за случувњата во Украина и руската агресија врз оваа држава.

„Може да се каже дека во агресијата на Русија, не излезе баш руската математика на почетокот, но не излезе ниту западната во текот на војната. Ако ги поделиме просто првите две години, првата година беше лоша за Русија, Русија влезе во таа инвазија прилично лошо и неподготвено, во таа прва година Украина усепа да направи една добра контраофанзива, да врати голем дел од окупираните територии, но во втората година Русија усепа да се адаптира, изгради голема дефанзивна линија, успеа да ја одбие укаринската противофанзива. Од тогаш па до денес, се наоѓаме во една состојба која што се нарекува “војна на исцрпување“ рече Ризвановиќ.

Тој смета дека таквата состојба на теренот ќе продолжи и во следните месеци, дека и во оваа 2024 година најверојатно агресијата нема да заврши.

Повеќе од интервјуто со Ризвановиќ во видеото во продолжение..

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот