ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Ивановска: Креацијата е одраз на карактерот на луѓето за кои дизајнирам

Антица Ивановска / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Има ли Македонија генијалци и иноватори? Што креираат генијалците и по што се издвојуваат од своите врсници? Колку иновации има во државава и колку се иновативни нашите поединци, а на колку се работи? Прашања на кои малкумина го знаат одговорот. „Слободен печат“ ќе се обиде преку серијал да обезбеди барем мал дел од одговорите и да им даде шанса на генијалците и на иноваторите да ѝ ги претстават своите креации и идеи на пошироката јавност. Креатори на игри, успешни шахисти, инженери, научници, балерини … се само дел од ликовите што ќе бидат дел од нашиот серијал. Се надеваме дека на ваков начин ќе ја поттикнеме јавната свест но и надлежните институции да се издвојуваат повеќе средства за оваа намена, да најдат начин да ги промовираат нивните идеи онаму каде што треба за подобро утре за сите нас. Воедно, ова нека биде и отворен повик до сите што сакаат да ги споделат своите успеси и иновации со нас, но и со целата јавност, да се пријават на официјалната имејл-адреса.

Антица Ивановска е моден дизајнер на брендот кој го носи нејзиното име. За „Слободен печат“ вели дека инспирацијата ја црпе од луѓето за кои дизајнира.

Антица Ивановска / Фото: ,,Слободен печат” / Драган Митрески

-Инспирацијата најчесто ја црпам од луѓето за кои дизајнирам, затоа што, всушност, сакам преку моите дизајни јас да го прикажам нивниот карактер. Изработувам уникатни модни парчиња по мерка, односно персонализирани дизајни што се изработуваат само во еден примерок- вели Ивановска.

Клиенти и се обично жени и девојки, а секој модел е уникатен.

Антица Ивановска / Фото: ,,Слободен печат” / Драган Митрески

-Жените, односно девојките што доаѓаат кај мене, ги кажуваат своите желби и замисли за тоа како би сакале да изгледаат. Потоа, следува процес на избирање, каде што од она што јас имам да им го понудам, тие избираат еден модел, избираме материјал, соодветна боја во којашто ги избираме моделите и почнува процесот на моделирање и на изработка. Следуваат неколку проби и го имаме финалниот производ- вели Ивановска.

Антица Ивановска / Фото: ,,Слободен печат” / Драган Митрески

Таа вели дека постои една негативна страна со која се соочуваат сите креативци, односно сите сопственици на мали бизниси во Македонија, а тоа е економската реалност со која се соочуваат.

-Јас би сакала на сите да им порачам дека треба да веруваат во своите соништа, доколку се доволно упорни и сигурни во она што го сакаат, и на крајот тие секако ќе им се остварат- вели таа.

Антица Ивановска / Фото: ,,Слободен печат” / Драган Митрески

Целото интервју на колешката Агнеса Чаволи погледнете го во продолжение: 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот