ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Ѓорѓиевски: Преку Еразмус програмите оваа година планираме да вклучиме голем број млади, да снимаме поткасти и да ја отвориме канцеларијата во Битола

Марко Георгиевски/слободен печат/фото Слободан Ѓуриќ

Во информативната емисија „Слободен печат“, Марко Ѓорѓиевски, директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, истакна дека неговата институција за 2024 година има амбициозен план, имајќи предвид дека и во Македонија и во Европа тоа е година на избори.

„За 2024 година си дадовме еден амбициозен план, прво со отворање на канцеларија или подружница во Битола, каде од Владата добивме простор на користење и во тек е јавна набавка за реконструкција. Започнуваме со снимање и емитување на поткасти, бидејќи видовме дека со буџетот што сега го имаме, имаме огромен број на заинтересирани апликанти, меѓутоа она што сметавме дека недостастува е тие позитивни примери да се рашират бидејќи има огромен број на позитивни примери, дали се тоа мобилности или проекти кои треба да се споделат со широката јавност. Имаме двојно зголемен буџет за зелени активност, повеќе иницијативи за млади, ќе имаме посета на Европскиот парламент во април“ посочи тој.

Ѓорѓиевски најави дека годинава во план е да се вклучат што е можно поголем број на млади луѓе, но дека ќе бараат и апликации со поголем квалитет бидејќи од оваа 2024 година ќе има различен и построг пристап во програмата со цел да се спроведуваат што е можно поквалитетни и поинклузивни проекти.

Еразмус плус програмата, како и проектите преку Европскиот солидарен корпус, освен што носат придобивки за нашите студенти и волонтери, позитивно влијаат и на заштитата и унапредување на културното и историско наследство, порача во гостувањето во „Слободен печат“, Марко Ѓорѓиевски, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

„Во Дојран имавме меѓуграничен проект за изградба на мандра и ловење риби и тоа е пример како со европски пари можеме да го зачуваме македонското културно наследство и тоа е она кон што треба да се стремиме, она што ни е битно да го зачуваме и да го заживееме. И не само Еразмус плус туку и со поддршка на Европскиот солидарен корпус и тоа како може да влијае позитивно на секојдневниот живот но и на заштита и промоција на она што ни е важно“, смета Ѓорѓиевски.

За него, голем успех е што македонскиот јазик во Еразмус плус програмата е на исто рамниште со останатите светски јазици, што само потврдува колку оваа европска алатка е важна за заштита на македонскиот идентитет.

„Од 2023 година македонскиот јазик е официјален јазик којшто може да се изучува. Тоа значи дека за сите оние што ќе дојдат тука да студираат, да волонтираат, да имаат можност, претходно, пред да дојдат во државата да го изучуваат македонскиот јазик. Тоа за нас е од големо значење, бидејќи сега македонскиот јазик е рамо до рамо со сите европски јазиици и сите студенти кои би дошле тука да можат да го изучуваат јазикот претходно.и со тоа се дава значење на македонскиот јазик во европски рамки“ посочи тој.

Целото интервју со Марко Ѓоргиевски, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност погледнете го во продолжение:

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот