ВИДЕО+ФОТО | Тристан е минато: Клои Кардашијан во прегратка на италијанскиот заводник Микеле

Фото: Принтскрин - Инстаграм - Твитер

Фотографијата на реалити ѕвездата Клои Кардашијан и италијанскиот актер Микеле Мороне поттикна низа шпекулации за потенцијална емотивна врска.


Имено, тие двајца присуствуваа на Модната недела во Милано, на ревијата на дизајнерската куќа „Долче и Габана“, а таму папараците ги уловија во интимна прегратка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian)


Фотографијата за рекордно време стана вирална, а јавноста охрабрена од новите озборувања за врската на славните, продолжи будно да ги следи.

По фотографијата на социјалната мрежа Твитер беше објавено видео како Клои и Микеле се забавуваат по ревијата.


Да потсетиме, Микеле Мороне светската слава ја стекна по улогата на италијанскиот наркобос Масимо во полскиот еротски трилер „365 дена“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Khloé Kardashian (@khloekardashian)

Жените ширум светот полудеа по Микеле, а покрај нив очигледно и една од дамите Кардашијан не остана рамнодушна на италијанскиот заводник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот