ВИДЕО+ФОТО | Среќен роденден Миа Костова: Очи полни солзи радосници и божествена торта

Фото: Принтскрин / Instagram

Македонската водителка и инфлуенсерка Миа Костова денес го слави совој 37 – ми роденден. Лани, на овој ден, Костова својот роденден го помина во изолација бидејќи како подарок доби позитивен текст на ковид-19.

Фото: Принтскрин / Instagram

Овој пат повторно во домашна атмосфреа. Како што Миа сподели со своите фанови таа и нејзиниот син Андрија се малку настинати. Андрија иако имал и температура сите направени тестови се негативни на коронавирусот што е одлична причина за славење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mia Kostova Official (@miandrija)

Фото: Принтскрин / Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram

Првите изненадувања и подароци стигнаа од соработните на Костова, а потоа следеше изненадување и неодолива торта во режија на најдобрата пријателка на Миа, Илина Поп – Христова, Тијана и секако убавецот Андрија. Кон честитката се приклучи и Беба, домашниот миленик на Костова.

Фото: Принтскрин / Instagram

По неодоливата торта следеше уникатна честитка која ги наполни очите на Миа со солзи. Голем број на пријатели и соработници на инфлуенсерката преку прекрасно видео и посакаат многу, здравје успех и најубави желби.

Фото: Принтскрин / Instagram

За видеото да изгледа совршено беше заслужна Тијана Скулиќ, виновничката за голем број како приватни така и професионални забавни видеа на профилот на Миа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот