ВИДЕО:Дебакл на Колумбија, Бразил со максимален ефект

epa08826388 Pervis Estupinan (L) of Ecuador vies for the ball with Luis Suarez of Colombia during South American qualifiers to Qatar 2022 World Cup between national soccer teams of Ecuador and Colombia at LDU stadium in Quito, Ecuador, 17 November 2020. EPA-EFE/RODRIGO BUENDIA / POOL

Главните фаворити во јужноамериканските квалификации за пласман на СП 2022 година, Аргентина и Бразил остварија идентични победи на гости, но четвртото коло од квалификациите го одбележа катастрофалниот пораз на Колумбија.

Еквадор со 6:1 ја понижи Колумбија, а веќе го 40. минути игра тие имаа предност од 4:0.

Одбраната на Колумбијците беше разбиена, Арбрилеа, Анхел Мена, Естрада и Ареага ја искинаа мрежата на противникот кој се што направи беше да постигне гол од пенал преку Родригез. Гонзало Плата зголеми на 5:1, а конечниот резултат го постави Первис Еступинан.

За разлика од Колумбија, фаворитите Бразил и Аргентина славеа со 0:2 на гостувањата кај Уругвај, односно Перу.


„Кариоките“ се единствена репрезентација во јужноамериканските квалификации која има перфектен скор, а четвртата победа ја остварија во дербито против Уругвај. Бразил поведе по одличната акција на Данило и Габриел Жесус која со гол ја круниса Артур Мело. До пполувремето беа решени сите дилеми, по одличниот центаршут на Лоди, Ришарлисон погоди за 0:2,а а тој резултат на крајот се покажа како конечен.

Аргентина благодарение на головите на Нико Гонзалес и на Лаутраро Мартинез со 0:2 славеше на гостување кај Перу.


Резултати:
Еквадор – Колумбија 6:1
Венецуела – Чиле 2:1
Уругвај – Бразил 0:2
Парагвај – Боливија 2:2
Перу – Аргентина 0:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот