ВИДЕОАНКЕТА | Што се одбележува на 7 април?
Светскиот ден на здравјето се одбележува на 7 април, секоја година. По тој повод „Слободен печат“ направи анкета во која ги праша граѓаните дали знаат што се одбележува на овој ден, како тие се грижат за своето здравје (физичко и ментално) и колку се физички активни?
Препорачано
Мал процент од анкетираните беа запознаени со значењето на овој ден, додека пак останатите не знаеја што се одбележува на 7 април.
Една од анкетираните одговори дека знае што се одбележува на овој ден, поради тоа што учи во средното Медицинско училиште и веќе во наставата вметнуваат активности поврзани со тематиката на овој ден.
-Учам во средното Медицинско училиште, така што сум свесна за тоа што се одбележува на овој ден. За нашто училиште тоа се смета како патронат, така што ќе има повеќе активности и презентации подготвени од учениците – изјави таа.
Следно што ги прашавме граѓаните беше како тие се грижат за нивното здравје, на што една госпоѓа одговори:
-Се трудам да го одржам своето здравје така што одам на редовни контроли, рутински проверки, повеќе се фокусирам на здрава исхрана, внес на суплементи, витамини и повеќе физичка активност – рече таа.


