ВИДЕОАНКЕТА | Колку ве чини почетокот на учебната година?
За два дена почнува новата учебна година. Со бесплатни учебници, но со изгор цени за помошен материјал, тетратки и прибор. „Слободен печат“ ги праша граѓаните колку ги чини годинава почетокот на школската година? Одговорите се слични, сè поскапо од 30 до 100 проценти. Кај првачињата состојбата е уште полоша. Освен нов ранец, треба и торта за да се одбележи почетокот на тргнување во училиште.
Многу е скапо, вели скопјанка. Се жали дека само за прибор платила околу 2000 денари.
– Прилично е скапо. Со овие цени моментално, и со овие примања, навистина е многу скапо – вели таа.
Баба на прваче вели дека цените се многу поскапени.
– Потребни се тетратки, облека, патики, опрема за физичко, премногу е – вели таа.
Друга објаснува дека сè уште не испазарила, викендов се подготвувала за тоа.
– Јас се наежив од цените на тетратките во некои од локалните книжарници и можам да кажам дека навистина 100% на некои места има поскапувања – вели таа.
Друга вели дека без 6.000 денари не може да помине.
Целата анкета на колешката Агнеса Чаволи погледнете ја во продолжение: