ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | „Затворете го веднаш!“: Се бара строга казна за таткото-монструм кој брутално ја тепаше ќерката

Фото: Твитер/принтскрин

Снимката од татко кој ја претепува својата ќерка на тениски терен во Белград викендов го потресе Балканот, а на социјалните мрежи се бара строга казна за насилничкото однесување, пишува „Нова С“.

Според српските медиуми, се работи за Кинези кои престојуваат во Србија, а тепањето се случило пред три недели. Таткото, кој бил и тренер на 14-годишното девојче, бил незадоволен од тоа како ќерка му напредува во спортот. 50-годишниот В.Л. бил уапсен со помош на Тенискиот сојуз на Србија, откако снимката беше објавена вчера. Тој потоа бил и експресно исклучен од „Академијата Типсаревиќ“, на чии терени се случи инцидентот.

За случајот се заинтересираа и странски медиуми, а посебна згрозеност тој предизвика во тениската заедница.

Дополнителен гнев во јавноста предизвикаа наводите на одредени медиуми дека таткото-монструм во полицијата се бранел тврдејќи дека таквото тепање е нешто вообичаено и прифатливо во нивната култура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот