ВИДЕО: Застрашувачки моменти од кошаркарски натпревар во Израел!

Фото: Принтскрин/twitter.com/Aralos10

Натпреварот од израелската втора кошаркарска лига беше прекинат откако испукан проектил ја погоди областа Ранан.

Ниту малку пријатно видео од меч во рамките од втората кошаркарска лига во Израел.

За време на последната четвртина од мечот во кој се сретнаа екипите на Макаби Ранан и Макаби Кирјат, сите присутни во салата брзо мораа да бараат скривница по експлозијата на проектил во таа област.

Натпреварот веднаш беше прекинат, а неколку кошаркари на двата тима, по објавата на спикерот во салата, само легнаа на подот, како и присутните на трибините, и чекаа да видат што ќе се случи.

Според медиумите, никој од играчите на натпреварот не бил повреден, а во исто време бил прекинат уште еден дуел од израелскиот шампионат, кој завршил на крајот.

Хамас истрела ракети кон Тел Авив

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот