ВИДЕО: Залудно Јокиќ и Кари ги полнеа кошевите, нивните екипи загубија

epa08667200 Denver Nuggets center Nikola Jokic of Serbia (L) shoots over Los Angeles Clippers forward Kawhi Leonard (R) during the second half of the NBA basketball semifinal Western Conference playoff game SIX between the Los Angeles Clippers and the Denver Nuggets at the ESPN Wide World of Sports Complex in Kissimmee, Florida, USA, 13 September 2020. EPA-EFE/ERIK S. LESSER SHUTTERSTOCK OUT

Центарот на Денвер нагетс постигна за него рекордни во кариерата 50 поени, додека бекот на Голден Стејт вориорс броеше до 57 поени, но на крајот нивните екипите се поразени од Сакраменто односно Далас маверикс.

Сакраменто кингс славеше со 119:114 над Денвер и по трет пат оваа сезона дојде до победата во меѓусебните натпревари. По израмнетото прво полувреме, Сакраменто кон крајот на третата четвртина започна да ја навестува победата кога направи предност од шест поени. На стартот од последната четвртина разликата се зголеми на 11 поени и предноста не ја испуштија до крајот на натпреварот.

Харисон Барнс постигна 28 пени, Деарон Фокс даде 24, а Халибуртон и Холс имаа по 21 поен за победничкиот тим, додека Никола Јокиќ на спротивната страна постигна рекордни во кариерата 50 поени.
Неверојатен натпревар одигра и Стеф Кари кој постигна 57 поени но неговиот Голден Стејт загуби со 134:132 од Далас маверикс. Кари на 28 секунди до крајот постигна поени со кои ја намали предноста на Далас на 131:130, но победникот го одлучи Клебер кој на шест секунди до крајот постигна тројка за недостижни 134:130.

Лука Дончиќ го предводеше Далас со 42 поени со што го израмни рекордот во кариерата по бројот на дадени поени, а имаше уште и 11 асистенции.
Чикаго булс со 118:92 го совлада Орландо во натревар во кој Зек Лавин постигна 39 поени за „биковите“.

Актуелниот шампион ЛА Лејкерс го совлада Детроит со 135:129 дури по две продолженија откако поради промашените слободни грлања фрлања пропушти да го реши натпреварот во регуларното време.

На три секунди до крајот на натпреварот Џексон ги казни промашувањата на Лејкерси и се избори за продолжение (106:106).Во првото продолжение, кошаркарите на Детроит беа подобро но Ентони Дејвис со поените на 18 секунди до крајот го однесе натпреварот во второ продолќение кое го реши Леброн Џејмс.
Токму Џејмс беше најпрецизен во редовите на шампионот со 33 поени и 11 асистенции, Ентони Дејвис даде 30 поени, додека кај Детроит најдобар беше Џереми Грент со 32 постигнати поени.

Резултати:
Сакраменто – Денвер 119:114
Орландо – Чикаго 92:118
Атланта – Торонто 132:121
Кливленд – Милвоки 99:124
Хјустон – Сан Антонио 106:111
Оклахома сити – Минесота 120:118
Филаделфија – Бруклин 124:108
Далас – Голден Стејт 134:132
Њу Орлеанс – Мемфис 118:109
ЛА Лејкерс – Детроит 135:129

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот